Утрински Весник
Македонија

Заев: Ќе има пријатни изненадувања на ЦО на СДСМ во Охрид

Заев: Ќе има пријатни изненадувања на ЦО на СДСМ во Охрид

Ресен, 16 јуни 2019 (/) – Премиерот Зоран Заев, кој воедно е и претседател на Социјалдемократскиот сојуз, денеска од Преспа најави пријатни изненадувања на состанокот на Централниот одбор на партијата што попладне треба да се одржи во Охрид.

–  Централниот одбор денеска треба да го избере Извршниот одбор на партијата, секретарите….. Имавме консултации пред состанокот со заменик-претседателот и генералниот секретар, но мислам дека ќе има пријатни изненадувања кои се типични за левичарските партии и верувам дека тоа ќе биде убава кадровска импликација за да можеме да ги мотивираме и други политички партии и општеството да се менуваме кон подобро, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Преспа.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром