• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, декември 10, 2019
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник - Utrinski Vesnik
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник - Utrinski Vesnik
Не се пронајдени резултати
View All Result

Заев ја пријавил во МВР заканата за „куршум во глава“ во коментар по пресот со Хан

од МИА
25-Јул-2019 17:48
во Македонија
Заев ја пријавил во МВР заканата за „куршум во глава“ во коментар по пресот со Хан
0
Споделувања
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје, 25 јули 2019 (Утрински Весник) – Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница имнформира дека ја пријавил заканата, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по пресот со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

-Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне, гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието, појаснувајќи оти коментарот во порака му го испратила неговата ќерка.

Тој ова го кажа одговарајќи на пратенички прашања поставени од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласковска, кои меѓу другото се однесуваа  на четири случаи на мобинг.

-Има секаков вид на појави меѓу луѓето, некогаш се случуваат меѓу членови на нашите најголеми политичи партии, но и меѓу помалите, некогаш меѓу граѓани кои немаат партиска припадност. Мојата ќерка пред еден час ми испрати пораката од коментар на прес-конференција со Хан која гласи „само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне. И сега тука не завршува животот, што да правиме има секакви луѓе, нагласи Заев.

Додаде дека се знае идентитетот на човекот, кој коментирал, а случајот е пријавен во МВР и како што рече ако законот утврди одговорност тој треба да си ја сноси.

Нагласи дека живееме во мала земја, во која секој со секого е на некој начин поврзан.

-Можеме да бидеме на различни политички определби и треба да бидеме и јас верувам дека ќе ја биде државата, ако гледаме низ окото на пријателството, меѓусебото разбирање и помагање, рече тој и нагласи дека јавно ги осудува сите закани и мобинзи по која било основа.

Напомена дека случаите кои ги изнела пратеничката ќе бидат проверени и додаде дека најмалку со една третина од институциите се уште раководат истите кадри од ВМРО-ДПМНЕ.

-Проверете во внатрешноста, некаде нема луѓе да поставиме, нема соодветни кандидати, додаде тој.

Ласковска истакна дека во државата не смее да се дозволи да има партиски реваншизам, особено не во случаи на ранливи категории на граѓани, нагласувајќи дека во еден од случаите станува збор за прераспределување на друго работно место на самохрана мајка.  ац/скс/

Извор: mia.mk

  • Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
Developed & Hosted by: IGAL Group - Online Solution

© 2019 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

Не се пронајдени резултати
View All Result
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна

© 2019 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

error: