Утрински Весник
Бизнис

Заев со претставници на ССМ: Владата е партнер во социјалниот дијалог

Заев со претставници на ССМ: Владата е партнер во социјалниот дијалог

Скопје, 15 јули 2019 (/) – Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) претставници на синдикатите, членки на ССМ, предводена од претседателот Дарко Димовски.

Владината прес-служба соопшти дека учесниците на состанокот го поздравија напредокот на социјалниот дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и заклучија дека е потребно понатамошно унапредување.

-Премиерот Заев истакна дека Владата на Северна Македонија останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, давајќи значаен придонес за унапредување на правата на работниците во соработка и партнерски однос со синдикатите и работодавачите. Во рамките на состанокот се отвори дебата за состојбите со кои се соочуваат синдикатите и беше истакната поддршката на државата за Општите колективни договори за стопанството. Се разговараше за потребата од исплата на регрес за годишен одмор и за јавната администрација, како и за покачување на платите на работниците, се наведува во соопштението.

Заев истакна дека  улогата на синдикатите е да бидат будно око за правата на работниците и подвлече дека Владата работи на мерките за обезбедување поголема сигурност и подобрување на животниот стандард на работниците, како партнер во социјалниот дијалог заедно со Синдикатот и работодавачите.

-Позитивно беше оценет напорот на ССМ да се вклучи во процесот, со свои сугестии за прашањата од сферата на трудот и од нивна страна беше поздравено претходното зголемување на платите на вработените во здравството и културата, информира владината прес-служба,  хс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нагло падна притисокот во „Северен тек 2“: откриено опасно истекување

Битиќи на Бизнис форумот во Хрватска: Пред нас се отвораат можности кои како регион треба да ги искористиме

БЕГ тврдат дека немаат обврска да ги грејат скопјани, Влада смирува дека парно ќе има