Утрински Весник
Македонија

Заев со апел за брзи резултати од истрагите по заканите врз новинарите

Заев со апел за брзи резултати од истрагите по заканите врз новинарите

Скопје, 21 јуни 2019 (/) – Во времето кога се обвјавуваа бомбите се објавија на транспарентен начин, со водење грижа за приватноста. Тоа покажа што е чесен однос кон државата. Уште тогаш најавивме дека една третина најверојатно кај нас се материјали кои подоцна ги предадовме на СЈО, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за злоупотреби и уценување на незаконски снимените материјали и новите објавени „бомби“.

Очекувам, истакна тој, институциите на системот да настапат заради тоа што постои закон за тоа, како дел од Пржинскиот договор.

Апелирам и до СЈО, до ЈО за организиран криминал до МВР, сите поупорно и попосветено да си ја вршат својата работа за да може да се почитуваат законите во државата

– Сите инситуции мораат да постапуваат со брзи резултати од своите истраги и постапки, рече Заев.

Тој ги осуди заканите кон новинарот Бранко Геровски и порача дека новинарскиот интегритет е многу повеќе заради тоа што испраќа порака на страв до сите други. цр/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран