Утрински Весник
Македонија

Заев нема да бара оставка од Рашковски, директорските смени со „метлата“ од вторник

Заев нема да бара оставка од Рашковски, директорските смени со „метлата“ од вторник

Скопје, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Премиерот Зоран Заев засега нема да бара оставка од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за М-НАВ. Како што изјави денеска, најпрво треба да се согледаат последиците од целиот „настан“, па потоа да се донесе одлука. Рашковски, нагласи Заев, ги исполнува сите свои работни обврски, а и јавно се извини за случајот.

Во врска со најавената „метла“, премиерот информира дека во вторник, на 9 јули, би можеле да се донесат и првите одлуки. Промени ќе има најверојатно на 20 – 25 места, директорски и кај раководители на подрачни единици. Заев, рече, сака да ги преслуша уште еднаш аргументите зашто одлуките мора да се праведни.

-Случајот со „Леонардо“ го затекнавме кога дојдовме како Влада. Се работи за тендер што е завршен во 2016 година, но постапката до крај не е завршена. Тоа беше јавно, детално објаснето. Тужба како Влада, нема да поднесеме, но секој како физичко лице тоа може да го стори за да го заштити својот дигнитет и достоинство. Кога прифаќаме одредени функции свесни сме дека треба да бидеме под лупа на јавноста, но тоа не значи да бидеме и боксерски вреќи, некој да не прави салата, подвелече Заев по пуштањето на контролниот центар за патарини во Петровец.

За т.н. „летр оф аворд“, потенцира дека не значи никаква награда и дека таква формулација се користи за одобрување на проектот. – Тоа е потврда на добивање одредена работа према конкурентите. Не се работи за никакви провизии, ниту награди, објасни Заев.

Тој лично ќе испрати писмо до „Леонардо“, со извинување од име на Владата. Тоа ќе го стори и кон ромската заедница во земјава.

– Италија е наш докажан пријател, а и на ромската заедница и даваме посебно место. Ја користам приликата за извинување во име на Владата, но истрагата ќе покаже дали случајот е монтиран. Верувам дека ќе има истраги и кривични постапки, истакна Заев. лв/мч/

Пуштање на употреба на Контролен центар за мониторинг и безбедност на патишта

Posted by MИА.mk on Среда, 03 јули 2019

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом