Утрински Весник
Бизнис

Заев: Мојата намера е да ги носам крупните одлуки во финансиите од кои бенефит ќе имаат граѓаните

Заев: Мојата намера е да ги носам крупните одлуки во финансиите од кои бенефит ќе имаат граѓаните

Скопје, 3 јули 2019 (/) – Премиерот Зоран Заев кој времено треба да ја преземе функцијата министер за финансии до назначувањето на нов министер, денеска изјави дека неговата намера е да ја делигира надлежноста и да ги носи крупните одлуки од кои бенефит треба да имаат граѓаните.

– Мојата намера е да ги носам крупните одлуки од кои бенефит ќе имаат граѓаните. Секако, самите раководители на секторите и на единиците си носат свои одлуки. Тие се независни органи како Имотно-правната служба, Управата за јавни приходи, царините и сите други институции кои се под финансии,  дури и самите сектори кои се во рамки на Министерството. Имам намера да ја делигирам надлежноста, луѓето да носат одлуки, а притоа да носиме крупни и знајачни одлуки од кои бенефит ќе имаат граѓаните, рече Заев по отворањето на Контролниот центар за патарини и патишта во Петровец.

Додаде дека утре правниот тим треба да ги предложи сите механизми околу временското преземање на функцијата министер за финансии.

– Сите одлуки ќе бидат јавно објавени. Целта е да покажеме една пракса која постои во барем седум држави. Навистина годинава сакаме на економијата да ги максимилизираме ефектите. Довербата секогаш сум ја делигирал со достоинствена доза на храброст и така ќе биде и овој пат во делот на финансиите, рече Заев, додавајќи дека за него е формалност дали документите ќе ги потпишува заменик-министерот, раководителот на секторот,….

Во однос на најавите за ребаланс на Буџетот, премиерот потврди дека ќе има ребаланс, но оти првично треба да се направат потребните анализи и да се види каде се потребни промени во буџетските стапки.

– Знам дека одредени буџетски стапки мора да ги промениме. Најголем дел е заради максимализација на капиталните инвестиции. Имаме милијарда ипол предвидени за гасификација и ако не проектираме дополнителни средства, до октомври-декември ќе останеме без пари за реализација на гасификацијата. А сакаме, бидејќи гасификацијата е важен проект во државата. Ако продолжи реализацијата на патиштата и железницата, тука сме да ги следиме сите овие аспекти, рече Заев.

Очекува околу средината на јули да соопштат точни датуми за буџетската процедура. лв/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар

И поглаварот на МПЦ повика на штедење на електричната енергија

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризи