Утрински Весник
Македонија

Заев за „Политика“: Односите со Србија се традиционално добри и се движат во нагорна линија

Заев за „Политика“: Односите со Србија се традиционално добри и се движат во нагорна линија

Скопје, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев смета дека  односите со Србија се традиционално добри, оти се движат во нагорна линија, како и дека поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на новиот автопат кај Грделичката клисура преставува потврда на овие негови ставови.

-Со српската премиерка Ана Брнабиќ наскоро ќе започнеме уште една соработка во сферата на дигиталните сервиси и веб страниците на владата, изјавил Заев во разговор за утрешна „Политика“.

Според него, Србија и Северна Македонија имаат исти цели, меѓу кои, како што рекол,  најважни се постигнување и вкоренување на европските вредности, што, според него, само ќе се интензивира во наредниот период.

Коментирајќи ги сомневањата дека западните лидери не ги исполниле своите ветувања кога е во прашање европската перспектива на земјава, Заев вели дека во Извештајот на ЕК за годинава Северна Македонија е „блескав пример“ и оти посебно е назначено дека Договорот од Преспа преставува пример за решавање на споровите во регионот, но и пошироко.

Премиерот Заев смета дека демократската меѓународна јавност е подеднакво свесна за потребата од „задржување на фокусот на проширувања кај сите земји од Западен Балкан“.

-Обврска на сите држави кои се дел од ЕУ и оние кои имаат аспирации за влез, е да се трудат со заеднички сили да го поддржат процесот на интеграција на целиот регион и дека тоа единствоно може да донесе и да одржи мир, стабилност и подобра перспектива за сите, вели Заев во разговорот за „Политика“. сст/дма/

http://www.rtv.rs/sr_lat/politika/zaev-poziv-vucica-potvrda-dobrih-odnosa-severne-makedonije-i-srbije_1031152.html

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии