Утрински Весник
Македонија

Заев ги повика Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба (во живо)

Заев ги повика Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба (во живо)

Скопје, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Премиерот Зоран Заев денеска повика на одржување лидерска средба, в петок во 14 часот во Клубот на пратениците.

Поканата е упатена до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

На лидерската средба, како што посочи Заев, би се разговарало за нов изборен законик и изборен модел, за законот за јавно обвинителство односно решавање на статусот на СЈО и за пописот.

Заев не исклучува да се разговара и за други теми, меѓу кои и за предвремени избори, на што инсистира опозицијата, но вели, иако влаедајчката партија е подготвена за избори, предност во моментот треба да има евроинтеграцијата и развојот на државата и економијата.ев/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална