Утрински Весник
Македонија

Завршува рокот за пријавување штети од невремето во Прилепско, поднесени се преку 200 барања

Завршува рокот за пријавување штети од невремето во Прилепско, поднесени се преку 200 барања

Прилеп, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Преку 200 земјоделци од прилепските села Канатларци и Ерековци поднесоа барања за големите штети што ги претрпеа од невремето минатиот понеделник кога силниот дожд, ветер и градот уништија површини, главно со бостан, тутун, градинарски култури и жито.

Имено, денеска истече рокот за пријавување и дел од барањата, Комисијата за елементарни непогоди ги процесуира.

Според Жарко Северкоски, претстедател на Општинската комисија за елементарни непогоди, иако се помалку барања од ланското невреме во Мало и Големо Коњари, сепак се опфатени голем број површини во индивидуална сопственост.

– Процентуално, од 80 до 100 проценти најмногу е оштетен бостанот, потоа тутунот со 70 до 80 отсто, а кај житните култури шттите се од 60 до 70 проценти, наведе Сверкоски.

Комисијата треба да го направи извештајот за причинетите штети и опфатените површини.

Прилепскиот совет, елаборатот ќе го достави до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и второстепената владина Комисија каде ќе се сумираат резултатите.

Од над 2.000 хектари со земјоделски култури во селата Канатларци и Ерековци, поголемиот се уништени од  невремето. Честите невремиња последниве години го актуелизираат апелот да се осигурува родот.

– Дел земјоделци кои пријавија штети, го имаат осигурано родот. Таму посебно и независно комисиите на осигурителните компании ќе излезат на теренот да ги евидентираат штетите и ќе им биде исплатено обештетувањето. Ова е посебно, но сепак останува апелот земјоделците да го осигуруваат родот, особено што последните години со невреме често се погодени земјоделските култури, вели Северкоски.

Инаку, од ланското невреме кое ги зафати селата Мало и Големо Коњари кога беа поднесени 1.450 барања, Општината за обештретување одвои 100.000 евра, но сѐ уште нема ништо од државата.

– Барањата се процесуираат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според информациите што ги имам, елаборатот за ланското невреме поминал на владина седница и во тек е докомплетирањето на барањата, рече Северкоски. ем/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро