Утрински Весник
Македонија

Завршува десетдневната ликовна колонија на Уметничката галерија Тетово

Завршува десетдневната ликовна колонија на Уметничката галерија Тетово

Тетово, 29 јуни 2019 (/) – Со изложба на 22 уметници од седум земји од Европа завршува десетдневната Ликовна колонија 2019, организирана од Уметничката Галерија Тетово. Изложбата ќе биде отворена вечерва во 19 часот во просториите на Уметничката галерија Тетово.

– Оваа е јубилејна 10-та по ред уметничка колонија која ја организира Галеријата. Изминатите десет дена 22 учесници посетија повеќе културно-историски објекти, споменици и локалитети во Тетовско, Скопско и Гостиварско каде ги создадоа нивните дела, инфомирааат од националната установа Уметничка Галерија Тетово.

Покрај уметници од Северна Македонија, има учесниците и од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Турција, Украина и Русија. Настанот е поддржан од Министерството за култура.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град

Албанската опозиција за измените во Кривичниот законик: Злоупотребено е европското знаменце