Утрински Весник
Македонија

Заврши 16. Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2019“

Заврши 16. Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2019“

Велес, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Заврши 16. Интернационален фолклорен фестивал (ИФФ)  „Велес 2019“ во чии рамки изминатите три вечери настапија 17 ансамбли, 11 од земјава и шест од: Италија, Полска, Република Српска – Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија.

Како што изјави денеска претседателот на Организацискиот одбор, Томе Јаневски, фестивалот и годинава помина успешно, а показател за тоа е многубројната публика на сите три вечери во амфитеатарот во Младинскиот парк.

-Фестивалот годинава го финансираше  единствено  Општина Велес од сопствениот буџет со 600 илјади денари плус уште 50 илјади од стопанственици во Велес и регионот. Фактот што оваа е најпосетена културна манифестација во Велес во текот на годината, треба да ги поттикне надлежните од Министертсвото за култура догодина како и во изминатите години повторно да издвојат средства за нејзино одржување. Тоа ќе значи можност и ние како организатори да поканиме поголем број учесници од земјава и од странство, потенцира Јаневски.

Покрај осумте ансамбли и групи од Велес, на фестивалот настапија и ансамблите „Тиквеш“ од Кавадарци,  „Кочо Рацин“ од Скопје и „Китка“ од Ораовица, Радовиш. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија