Утрински Весник
Македонија

Заврши реконструкцијата на кровот на пробиштипското училиште „Браќа Миладиновци“

Заврши реконструкцијата на кровот на пробиштипското училиште „Браќа Миладиновци“

Штип, 1 јули 2019 (/) – Заврши замената на азбестниот кров на Општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип со средства од Министерството за образование и наука.

Реализацијата на овој проект во којшто е вклучена и нова громобранова инсталација чини пет милиони денари, а целата постапка ја има реализирано ресорното Министерство. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Атанасов вели дека во тек е и тендерската постапка за промена на кровната конструкција во подрачното училиште „Ванчо Трајков“ во населбата Пробиштип.

-Во спортската сала  ќе има и промена на паркетот, потоа ќе се гради и дренажен систем околу неа, каде што и на самиот објект веќе се поставени фотоволтаични системи што дополнително ќе заштедат средства, вели Анастасов.

Тој истакна дека овие два проекти за училиштата во Пробиштип ќе се реализираат во текот на летото, а во тек е и тендерската постапка за реконструкција на санитарните јазли во подрачното училиште во Злетово. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро