Утрински Весник
Македонија

Заврши првата фаза од уредувањето на индустриската зона Јосифово

Заврши првата фаза од уредувањето на индустриската зона Јосифово

Гевгелија, 24 јуни 2019 (/) – Првата фаза од уредувањето на индустриската зона во валандовското село Јосифово, предвидена со проектната документација, целосно е завршена, потврдија денеска од Општина Валандово.

Од Општината информираат дека во оваа фаза е изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа и дека е извршено тампонирање на сите изградени улици во индустриската зона Јосифово.

Втората фаза од уредувањето на зоната, која ќе почне наскоро, ќе опфати асфалтирање на отворените улици и поставување на улично осветлување.

Од сопствениот буџет Општина Валандово обезбеди 5,5 милиони денари за уредувањето на индустриската зона кое треба да заврши до крајот на оваа година. им/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8