Утрински Весник
Македонија

Заврши првата смена од годинешниот летен камп по веронаука

Заврши првата смена од годинешниот летен камп по веронаука

Дебар, 23 јуни 2019 (/) – Педесеттина деца учествуваа во првата смена од годинешниот летен камп по веронаука, што се одржа во свештените комплекси Бигорски манастир и манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица.

-Благодатната радост што на празникот Педесетница изобилно се излеа во нашите свештени Обители, деновиве ја збогатија и младите детски души од Куманово, Свети Николе,Скопје и Битола, кои беа дел од првата смена на летниот  камп по веронаука. Нивните насмевки, низ прекрасните моменти на дружба, наука и рекреација, внесоа уште попрекрасни чувства во срцата на браќата и сестрите од Бигорскиот и Раичкиот манастир, а најповеќе го зарадуваа нашиот сакан Старец, архимандрит Партениј, кому му ја искажаа својата највозвишена љубов, вели отец Кирил.

Додава дека децата не само што духовно се одмориле и рекреирале, туку и се запознале со основите на православната вера, со возвишената христијанска етика на однесување, потоа со византиското пеење, но добиле и важни поуки и совети од областа на еколошката етика.

Во впечатоците за учеството на кампот децата изразуваат благодарност за престојот во манастирите, грижата и вниманието кон нив и за наученото од проповедите.

Втората смена почнува на 22 јули.

На иницијатива и со благослов на архимандрит Партениј,  ова е осма година како во двата манастира се одржуваат летни кампови по веронаука. До сега  ги посетиле неколку илјади деца од многу градови од нашата држава, изучувајќи ги основите на христијанството, но и основните морални начела. Минатото лето кампот беше во знакот на големиот јубилеј „1000 години Охридска Архиепископија“.вт/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните