Кичево,3 јули 2019 (Утрински Весник) – Градежните активности за изградба на фудбалскиот терен со вештачка трева, што ќе биде прв објект од ваков вид во Кичево, веќе се завршени. Спортското игралиште е со димензии 101 метри должина и 71 метро ширина и се наоѓа во населба Пашино, односно во близина на главниот терен на комплексот на ФК „Влазерими“.
Преставникот на ОФС- Кичево Џевдет Далипи нагласи дека вештачката трева е направена од еколошки материјали од италканско произвосдво, а со тоа, како што рече, нејзината одржливост и долготрајност е загарантирана.
Инвестицијата за изградбата на фудбалското игралиште е во вкупна вредност од 350 илјади евра и се обезбедени од ФФМ.
Инаку, Меморандумот за соработка меѓу ФФМ и Општина Кичево беше потпишан претходно од страна на претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини и градоначалникот Фатмир Дехари.
Градежните работи се завршени во предвиденото време и ова игралиште ќе и служи на ФК „Влазерими“ како помошно игралиште, но и на останатите фудбалски екипи од ОФС-Кичево. рз/фф/