Утрински Весник
Македонија

Заврши детскиот ликовен камп „АСНОМ 2019“

Заврши детскиот ликовен камп „АСНОМ 2019“

Куманово, 20 јуни 2019 (/) – Деветтиот традиционален детски ликовен камп „АСНОМ 2019“ во Пелинце заврши денеска, а се одржуваше под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во организација на Фондација за култура и спорт. Голем број на ученици од сите основни училишта под менторство на нивните професори по уметност твореа во различни ликовни техники.

– Идејата беше да ги искористиме можностите на талентираните деца, да им се даде можност да творат во повеќе ликовни техники и на овој начин Општината да го потврди афирмативниот пристап кон ликовната уметност, изјави директорот на фондацијата, Нино Величковски.

Секретарот на Општината, Деса Стошевска го прогласи кампот за затворен, истакнувајќи дека општината ќе продолжи да ги поддржува ваквите манифестации кои ја промовираат детската креативност. Додаде дека овој камп е извор на таленти.

На манифестацијата беа доделени благодарници за учесниците. Како и претходните години и оваа година учествуваа членови на двата центри за интелектуална попреченост „Порака Наша“ и центарот под МТСП.

Учениците велат дека ова е одличен камп на кој се учат за различните техники од ликовната уметност и простор каде што можат да го изразат својот талент. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8