Утрински Весник
Македонија

Завршен настан на проектот „Вклучи се за промена“ во Градскиот парк во Скопје

Завршен настан на проектот „Вклучи се за промена“ во Градскиот парк во Скопје

Скопје, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Во рамки на проектот „Вклучи се за промена“ вечерва со почеток во 19 часот во кафе-барот „Централ парк“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи завршниот настан.

На настанот, средношколците од трите средни училишта кои беа вклучени во проектот ќе ги претстават своите иницијативи, активностите и постигнатите резултати.

Дополнително, наставниците кои заемаа учество во проектот како капитени на училишните тимови, преку кратка панел дискусија, ќе ги споделат своите искуства и ќе говорат за важноста од ваков тип на иницијативи за развојот на средношколците и образовниот процес.

На отворањето на настанот поздравно обраќање ќе има Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт, која е поддржувач и донатор на проектот. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот