Утрински Весник
Македонија

Жители од општина Центар се едуцираа за соодветно одлагање на комуналниот отпад

Жители од општина Центар се едуцираа за соодветно одлагање на комуналниот отпад

Скопје, 11 јули 2019 (Утрински Весник)ЈП „Комунална хигиена“Скопје реализираше едукативно-информативни активности со граѓаните од скопската општина Центар. Од претпријатието соопштуваат дека приближно стотина граѓани беа информирани дека несовесното одлагање на комуналниот, кабастиот и градежниот отпад доведува до создавање диви депонии и загадување на животната средина.

Со граѓаните од оваа скопска општина е разговарано и за актуелните проблеми со кои се соочуваат екипите на претпријатието, како што е паркирањето  автомобили во непосредна близина на контејнерите, со што се блокира пристапот на специјалните комунални возила и се оневозможува собирањето и транспортот на комуналниот отпад, како и одлагањето на отпадот на платформите на подземните контејнери.

ЈП „Комунална хигиена“Скопје очекува едукативно-информативните активности да резултираат со намалено прекршување на Законот за јавна чистота и воедно поздрава и почиста животна околина, наведуваат во соопштението.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град

Албанската опозиција за измените во Кривичниот законик: Злоупотребено е европското знаменце