Утрински Весник
Магазин

Жителите на Остриц масовно купуваа пиво во знак на протест поради одржувањето на неонацистички фестивал

Жителите на Остриц масовно купуваа пиво во знак на протест поради одржувањето на неонацистички фестивал

Берлин, 23 јуни 2019 (/) – Противниците на неонацистичкиот фестивал во источниот германски град Остриц вчера смислија необичен начин на протест – го купија целото пиво од продавниците.

Акцијата уследи откако полицијата забрани алкохол на екстремно десничарскиот фестивал „Schild und Schwert Festival“ во хотел каде се собраа околу 500 неонацисти во петокот и вчера.
Полицијата заплени 4.200 литри пиво во петокот и уште 200 литри вчера.

На улиците на Остриц 300 лица мирно маршираа во знак на протест поради десничарскиот фестивал, а локалното население се организира и купи повеќе од 100 гајби пива од продавниците во градот. ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шварценегер критикуван за пораката што ја остави во книгата за гости во Аушвиц

Мекензи Скот се разведува од вториот сопруг

Ар Кели е веќе зад решетки, ќе мора да им плати оштета на жртвите