Утрински Весник
Македонија

Жерновски: Професионализација на дипломатската служба е заложбата на МНР

Жерновски: Професионализација на дипломатската служба е заложбата на МНР

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Професионализација на дипломатската служба, создавање систем заснован на заслуги и континуирана едукација и искуство, е заложбата на МНР, истакна ресорниот заменик-министер, Андреј Жерновски, на денешната трибина „#МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа”.

Жерновски соопшти дека во периодот 2017 – 2019 година се именувани 19 амбасадори, сите дипломати од кариера. Од нив, седум се припадници на етнички заедници различни од македонската.

-Дипломат се гради, а темелите се токму во самата куќа, Министерството за надворешни работи. Во последните две години, главна определба на МНР и на Владата е да делува проактивно и конструктивно во меѓународните односи, да ги решава проблемите и прашањата со кои се соочуваме, притоа почнувајќи од најгорливите отворени прашања со соседите. Целта на ова Министерство е да ја промовира државата како кредибилен и релевантен соговорник во сите меѓународни организации, рече заменик-министерот.

Јавната дискусија е дел од активностите на проектот „#МКДипломатија- кон професионална дипломатска мрежа “, имплементиран од Член 1 – Институт за глобални политики и право. Проектот е финасиски поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капцитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од ЕУ. мч/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра