Утрински Весник
Магазин

Ердоган кум на свадбата на Мезут Озил

Ердоган кум на свадбата на Мезут Озил

Анкара, 8 јуни 2019 (/) – Турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган беше кум на венчавката на поранешниот германски репрезентативец и фудбалер на Арсенал Месут Озил и Амина Гул.

Свадбата, на која присуствуваше и сопругата на турскиот претседател Емине Ердоган, се одржа во хотелот „Фор сизонс“ на Бешикташ, пренесува Анадолија.

Освен Ердоган, кој на младите им посака многу среќа, на свадбата присуствуваа и голем број познати личности од светот на спортот. ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шарлиз Терон на кус излет во Западен Холивуд

Бред Пит фотографиран во Лос Анџелес по наводите за насилство

Џиџи Хадид го нарече Канје Вест насилник и шега