Утрински Весник
Спорт

Ентони Дејвис заминува во Лејкерси

Ентони Дејвис заминува во Лејкерси

Лос Анџелес, 16 јуни 2019 (/) – Њу Орлеанс Пеликанс постигнаа договор да ја разменат нивната ѕвезда Ентони Дејвис за тројца играчи на Лос Анџелес Лејкерс и три пика од првите рунди на следните драфтови.

Како што јави ЕСПН, од Лејкерси во Њу Орлеанс заминуваат Лонзо Бол, Брендон Инграм и Џош Харт и три пика од првата рунда во следните драфтови, вклучувајќи го и бројот четири на годинашниот драфт.

Со последната размена, Леброн Џејмс ќе добие силно засилување во Лејкерси во следната сезона со што овој тим станува еден од најсериозните кандидати за шампионската титула на НБА.

Најавено е дека наскоро ќе биде официјализиран договорот околу доаѓањето во Лос Анџелес на Дејвис, кој минатата сезона одигра 56 меча, со просек од 26 поени и 12 скокови по натпревар, а во НБА кариерата има просек од 20,6 поени и 10,5 скока по натпревар. ем/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања