Утрински Весник
Македонија

Енормна потрошувачка на вода во Гостивар, ЈП Комуналец апелира на рационално користење

Енормна потрошувачка на вода во Гостивар, ЈП Комуналец апелира на рационално користење

Гостивар, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Потрошувачката на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар деновиве го доситигнува максималниот капацитет. Според проценките на надлежните нерационалнaта потрошувачка предизвикува и проблеми во водоснабдувањето на корисниците во некои делови од општината.

Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое управува со системот за водоснабдување, денеска упатија апел за поодговорно користење на водата од градскиот водовод.

– Во вакви услови апелираме до корисниците на рационална употреба на водата за пиење. Високите температури и користењето на водата за наводнување на дворовите и бавчи значително влијаат во намалување на снабдувањето во најкритичните делови на градот и намален притисок во одредени подрачја. Наша служба во соработка со Општинскиот инспекторат ќе ги зголеми контролите на злоупотреба на водата за пиење, а за неодговорните ќе следат и санкции, изјави Исак Љазами дирекотр на ЈП „Комуналец“.

Љазами потврди дека веќе се откриени неколку случаи и неколку лица се предупредени.

Вообичаената колична на вода која се испорачува од изворот на Вардар е од 250 до 300 литри во секунда, а деновиве таа е зголемна за 40 проценти со што се достигнува максималниот капацитет.

Од ЈП „Комуналец“ ги охрабруваат граѓаните да пријават злоупотреба на водата за пиење со што би се избегнале рестрикции. згм/см/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата