Утрински Весник
Магазин

Елтон Џон стана витез на Легијата на честа во Франција

Елтон Џон стана витез на Легијата на честа во Франција

Париз, 22 јуни 2019 (/) – Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи британскиот поп-музичар Елтон Џон (72) за витез на Легијата на честа, во знак на признание на неговата музичка кариера и борбата против ХИВ и СИДА.

Францускиот претседател на свеченоста во Елисејската палата, синоќа му го врачи признанието на Елтон Џон, и тоа на денот на музиката, кој во Франција се слави како „Фете де ла мусикуе”.

-Јас сум во голема љубов со Франција. Овде имам куќа, рече 72-годишниот Британец.

Легија на честа му е прво такво високо признание од 1998 година, кога кралицата Елизабета го прогласи за витез и му ја додели титулата Сер.

Британскиот пејач е во сред светска турнеја, а сега одржува концерти во Франција. Макрон се сретна со поп легендата и ја искористи можноста да се заземе за борбата против опасните болести како што се СИДА-та, туберкулозата и маларијата. Од овие болести ширум светот умираат , 2,7 милиони луѓе.ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шварценегер критикуван за пораката што ја остави во книгата за гости во Аушвиц

Мекензи Скот се разведува од вториот сопруг

Ар Кели е веќе зад решетки, ќе мора да им плати оштета на жртвите