Утрински Весник
Спорт

Елмас: Веруваме во позитивен резултат против Австрија

Елмас: Веруваме во позитивен резултат против Австрија

Скопје, 8 јуни 2019 (/) – Репрезентативецот Елиф Елмас верува во добра игра и позитивен резултат на нашите фудбалери во понеделник против Австрија.

-Полска е веќе зад нас, покажавме одличен квалитет во играта и навистина штета што резултатот беше во нивна корист. Но, сега мораме да се фокусираме на Австрија. Апсолутно ги почитуваме Австријците и претходно рековме дека овие два натпревари против Полска и Австрија ќе бидат најтешки за нас, но сега сме во ситуација да бараме бодови и ќе направиме се што  е во наша моќ тоа да го постигнеме, изјави Елмас.

Додаде дека нашата репрезентација мора да бара шанса за погодок, а нејзините играчи да бидат храбри, но и максимално внимателни. Изрази надеж дека во најмала рака ќе играат на нивото од претходниот натпревар со Полска, но овој пат тоа да се вреднува преку бодовите на табелата.

Македонската фудбалска репрезентација игра на 10. јуни во 20:45 часот против Австрија на Националната арена „Тодор Проески“, во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020. Ова е прво гостување на Австрија. ем/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Фофана ќе паузира шест седмици