Утрински Весник
Македонија

ЕК бара да продолжат истрагите за „бомбите“ и да се најде решение за статусот на СЈО

ЕК бара да продолжат истрагите за „бомбите“ и да се најде решение за статусот на СЈО

Брисел, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – По оставката на Катица Јанева, Европската Комисија во реакција за Утрински Весник порачува дека истрагите за илегалните прислушувања треба да продолжат.

-Европската Унија ја прима на знаење најавата на Катица Јанева дека има намера да поднесе оставка, се вели во писмената реакција на Европската Комисија.

Понатаму во коментарот, ЕК повторува дека е „важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство“.

-Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања, стои во кусото соопштение од Европската Комисија. тм/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии