Утрински Весник
Бизнис

Еко скутер нов лоз на Државна лотарија

Еко скутер нов лоз на Државна лотарија

Скопје, 15 јули  2019 (/) –  Државна лотарија го пласираше новиот инстант лоз Еко скутер, со понуда на 365 електрични скутери – тротинети.

-Во дух на зачувување на животната средина и здравиот начин на живеење, Државна лотарија ја збогати својата понуда со инстант лоз кој носи 365 електрични тротинети. Колку што има денови во годината, толку има еко-скутери на лозот Еко скутери.  Буквално, очекуваме дека секој ден ќе имаме барем по еден добитник на електричен тротинет, наведуваат од Државната лотарија на Македонија.

Од ДЛМ веруваат дека  многу скоро ќе ги добијат и првите сопственици на еко скутери.

Покрај електричните тротинети, инстант лозот Еко скутер нуди и примамливи парични добивки. Лозот чини 60 денари и наменет е за сите што го следат трендот и сакаат да го зачуваат своето здравје и чистата животна средина.

Новиот лоз е во продажба од денеска.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на ЕСМ е ризичен за да му доставиме понуди

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Најголемиот германски производител на пиво го прекина производството во Франкфурт