Утрински Весник
Македонија

Еко-акција на општинската администрација во Кичево 

Еко-акција на општинската администрација во Кичево 

Кичево, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Општина Кичево денеска по иницијатива на градоначалникот Фатмир Дехари организира еко-акција под мотото „За почисто Кичево“. Акцијата се спроведува на целата територија на градот и се собира сметот од сите сообраќајници, тротоари, зелени површини и од оние локации каде фреквенцијата на луѓе е најголема.
Општинската администрација во Кичево е на терен од раните утрински часови и ќе работи се до 12 часот. Во акцијата се вклучени претежно вработените во локалната самоуправа, комуналното претпријатие, образованието и сите останати структури во градот.
Портпаролот на Општина Кичево Емин Насуфи изјави дека вакви еко-акции локалната самоуправа спроведувала и во претходните години. рз/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град