Утрински Весник
Македонија

Еко акција во Крушево

Еко акција во Крушево

Крушево, 7 јуни 2019 (/) – На шест локации во Крушево денеска се спроведе акцијата за чистење отпад и хортикултурно уредување на централното градско подрачје. Акцијата ја организираа Општината и Францускиот институт од Скопје, амбасадите на Швајцарија и Франција, здружението „Go Green – Биди зелен“ и други локални придонесувачи.

Акцијата даде придонес и кон одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина, 5 јуни.

Се спроведе на влезот на градот, кон полетувалиштето на Мечкин Камен, во месноста „Гумење“, во комплексот „Езеро“ и на слетувалиштето за параглајдери, додека хортикултурното уредување го опфати Градскиот парк во Крушево.

Настанот се заокружи со доделување награди за конкурсот за есеј „Што значи да се биде екологист“ во рамки на активностите за промоција на францускиот јазик. На присутните им се обратија крушевскиот градоначалник Томе Христоски, заменик-амбасадорот на Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија Стефан Томажан и професорката по француски јазик Весна Јаневска од крушевското средно училиште „Наум Наумовски Борче“.

Заменик амбасадорот на Швајцарија Стефан Томажан посочи на примерот од неговата држава која се смета за една од најеколошките во Европа. – И моите во Швајцарија почнаа на овој начин, со спроведување акции за чистење отпад и резултатот е евидентен. Токму затоа ве поттикнувам да продолжите со вакви активности, порача Томажан.

Според Христоски, граѓаните треба поактивно да се вклучат во зачувување на средината и да придонесат за помалку отпад по улиците и негово селектирање на соодветно место.

Победниците на конкурсот за чиста животна средина добија дипломи и ваучери во износ од 3.000 денари. ем/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

108 санкционирани возачи во Скопје

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје