Пехчево, 6 јули 2019 (Утрински Весник) – На иницијатива на Јавното комунално претпријатие „Комуналец” и во соработка со вработените во Општината и група млади волонтери од неколку здруженија, денеска беше спроведена еко-акција „За поубаво и почисто Пехчево” на целата територија на градот.

– За жал, несовесни луѓе зад себе оставаат огромни количини отпад, кој не се одлага во соодветно поставените контејнери и корпи, туку останува расфрлен насекаде по зелените површини и водата. Со цел да го зачуваме природниот потенцијал, бевме принудени да спроведеме акција за чистење на повеќе места, кои се познати како туристички локации. Акцијата се спроведе на целата територија на градот, а се собираше сметот од сите сообраќајници, тротоари, зелени површини и од оние локации каде фреквенцијата на луѓе е најголема, истакнаа од Општината.
Општината и натаму ќе продолжи да работи на подобрување на хигиената во градот, при што апелираат на зголемена еколошка свест на граѓаните во насока на зачувување на животната средина во Пехчево. вс/хс/