Утрински Весник
Спорт

„Екип“ ја откри цената на Мбапе

„Екип“ ја откри цената на Мбапе

Париз, 26 јуни 2019 (/) – Авторитативниот француски весник „Екип“ тврди дека цената на Килијан Мбапе е помеѓу 230 и 250 милиони евра.

Ако некој клуб плати, тоа ќе биде нов трансфер рекорд.

Пред две години талентираниот напаѓач го смени Монако со Пари Сен Жермен со чуден договор – заем од 35 милиони евра и дополнителна клаузула од 145 милиони евра.

Во секој случај, 20-годишната француска суперѕвезда ќе игра во новата сезона на „Парк де Пренс“.

Реал Мадрид се подготвува за моќна офанзива по една година,за која треба да потроши над 200 милиони евра. Договорот на ПСЖ со Мбапе е до летото 2022 година.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната