Утрински Весник
Македонија

Единаесеттемина затруени со чад во пожарот во Кисела Вода во стабилна општа состојба

Единаесеттемина затруени со чад во пожарот во Кисела Вода во стабилна општа состојба

Скопје, 11 јуни 2019 (/) – Единаесет лица затруени со чад во вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода, се хоспитализирани на Универзитетската клиника за токсикологија и се во стабилна општа состојба, информираат денеска од Клиниката.

– Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми, изјави денеска д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија.

Инаку, меѓу хоспитализираните пациенти има четворица пожарникари. Највозрасниот пациент е на 74-годишна возраст, додека најмладиот на 26-годишна возраст. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар