Утрински Весник
Македонија

Европските Зелени со остра критика за изјавите на Макрон за проширувањето

ЕУ и натаму гради консензус за датумот за преговори

Познањ, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Партијата на Европските Зелени, по повод Самитот за Западен Балкан кој се одржува во Познањ, во рамките на Берлинскиот процес, побара во најкус можен рок да започнат преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

-Европската Унија ризикува да предизвика повторно оживување на национализмот на Западниот Балкан ако го забави процесот на отворање на вратите за пристапни преговори за регионот. Коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон неодамна за перспективите за проширувањето длабоко одмагаат и ја поткопуваат тешката задача на постигнување консензус, стои во соопштението на Европските Зелени.

Тие потсетуваат дека е втор пат да се одложат преговорите и покрај препораката на Европската Комисија.

-Нема причина внатрешната реформа на ЕУ и пристапните преговори да не се водат симултано. Уште едно одбивање во октомври годинава може да го стави во опасност целиот процес и да доведе во обновување на тензии кои би биле катастрофални за ЕУ во целост, стои во соопштението.

За Зелените е од суштинско значење министрите овие денови во Познањ да ги имаат предвид напорите кои ги вложи Северна Македонија за решавање на спорот со Грција. тм/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава