Утрински Весник
Спорт

Европскиот шампион Бесир Алили на средба со градоначалникот Шилегов

Европскиот шампион Бесир Алили на средба со градоначалникот Шилегов

Скопје, 25 јуни 2019 (/) – Градоначалникот Петре Шилегов и заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи денеска остварија средба со европскиот шампион во борење за кадети, Бесир Алили. На средбата присуствуваа и други борачи од нашата земја, кои се натпреваруваа на шампионатот, а освоија две петти и две седми места, како и претставници од Федерацијата на боречки спортови.

– Успехот на Бесир ни ги наполни срцата. Тој е корисник и на стипендија од Град Скопје за 2019 година, како талентиран средношколец-спортист. Посакувам нормите да се исполнат и да отидеме на Олимпијада. Советот на Град Скопје на 5 јули ќе одржи седница, а јас ќе излезам со предлог да доделиме парична награда и за клубот и за шампионот, рече на средбата градоначалникот Шилегов.

Тој му порача на младиот борач да продолжи напорно да тренира зашто има и талент и голема поддршка.

– Животот на врвните спортисти е тежок, но знам дека ако си упорен навистина ќе ни донесеш олимписко злато, нагласи Шилегов.

Кон честитките за успехот на Алили се придружи и заменик-градоначалникот на Скопје, Малиќи, кој рече дека му претставува задоволство што граѓаните на Скопје му приредија убав пречек на шампионот на плоштадот „Скендербег“.

– Град Скопје секогаш ќе ги поддржува спортистите и сите големи спортски успеси затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град, додаде Малиќи.

Младиот Бесир Алили го освои златниот медал на Европското првенство во борење за кадети што се одржа во Фиренца, Италија.

Алили се натпреваруваше во категоријата слободен стил до 48 килограми и претставува прв златен медал за македонски репрезентативец на европско кадетско првенство. Градот Скопје лани го прогласи Бесир Алили за најдобар спортист на Град Скопје во категоријата „Најталентиран млад спортист – кадет“.бт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица