Утрински Весник
Спорт

Дурант може да пропушти 7-10 месеци поради повредата

Дурант ќе пропушти најмалку два финални натпревара

Оукленд, 12 јуни 2019 (/) – Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант може да го пропушти поголемиот дел од следната сезона поради повредата здобиена во петтиот натпревар од финалната серија на НБА плејофот со Торонто.

Триесет годишниот Американец го напушти тимот и замина за Њујорк, каде што треба да направи детални лекарски прегледи, објави „ЕСПН“.

Резултатите за видот и сериозната на повредата се очекуваат да бидат објавени во текот на денешниот ден.

Според прелиминарните информации, Дурант има скината Ахилова тетива. Закрепнувањето од ваква повреда трае 7-10 месеци. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алегри: Вечерва е најважниот меч за Јувентус во ЛШ

Челси на лето тргнува по Рафаел Леао

По една и пол година Зион Вилијамсон се врати во НБА лигата