Утрински Весник
Македонија

Дуда со остри критики за ЕУ заради одлагањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Дуда со остри критики за ЕУ заради одлагањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Познањ, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска остро ја критикуваше ЕУ заради одлагањето на почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Унијата.

-ЕУ не треба да се однесува кон земјите на тој начин кога тие ги спроведуваат различните реформи насочени кон идната интеграција, посочи Дуда на средбата на врвот на иницијативата „Берлинскиот процес“ во Познањ, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека тие земји исполниле многу барања за започнување на преговорите.

Во јуни Советот на ЕУ не успеа да постигне согласност за давње датум за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изрази увереност дека одлуката по ова прашање ќе биде донесена до октомври. вг/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи