Утрински Весник
Магазин

Дубаи воведе бесплатна дозвола за купување алкохол

Дубаи воведе бесплатна дозвола за купување алкохол

Дубаи, 12 јули 2019 (/) – Дубаи воведува 30-дневна бесплатна дозвола за купување алкохол, за туристите. Посетителите на емиратот ќе можат да го добијат документот во секој објект на компанијата што ја врши продажбата на алкохол на мало.

При барањето на дозволата, странците треба да пополнат формулар со што потврдуваат дека се туристи. Службениците притоа прават копија на пасошот, како и на страницата со печатот за влез во Дубаи.

Туристите со тоа ќе добијат и листа на правилата за јавно поведение во државата. Досега дубајските власти издаваа ваква дозвола само за странци со двегодишен постојан престој во емиратот. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Анџелина Џоли со нови обвинувања против Бред Пит

Следниот Џејмс Бонд ќе има триесеттина години, вели продуцентот

„Колдплеј“ ги одложи концертите во Бразил поради болест на Крис Мартин