Утрински Весник
Македонија

Државниот секретар Виктор Димовски на церемонијата на одбележувањето на 20-годишнината од присуството на НАТО на Косово

Државниот секретар Виктор Димовски на церемонијата на одбележувањето на 20-годишнината од присуството на НАТО на Косово

Скопје, 13 јуни 2019

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна МакедонијаВиктор Димовски на 12 јуни 2019 година во Приштина присуствуваше на церемонијата организирана по повод 20 годишнината од присуството на НАТО на Косово. 

За време на престојот Виктор Димовски оствари средба со заменик министерот за надворешни работи, Черкин Муколи на која беше реафирмирана заемната определба за градење на односи на добрососедство и пријателство. Воедно, беа разменети мислења за можностите за натамошно унапредување на односите и соработката во поголем број на области од заемен интерес и во тој контекст и за подготовките за претстојната заедничка седница на владите на Република Северна Македонија и Република Косово.

За време на престојот во Приштина Димовски оствари средби и со Кристијан Хелбах, Директор за ЈИЕ во германското МНР и Анџелина Ајхорст, директор во ЕЕАС, службата за надворешна политика на ЕУ.

Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија

_________________________________________________________________________________________
/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром