Утрински Весник
Спорт

Драмата во Торонто со среќен крај за Голден стејт

Голден стејт пресилен за Портланд во првиот дуел од конференциското финале

Торонто, 11 јуни 2019 (/) – Бранителот на трофејот во НБА лигата, тимот на Голден стејт го доби петтиот натпревар од финалната серија против Торонто со 106:105 и намали на 2-3 во победи.

Двете екипи одиграа драматичен дуел на теренот на канадскиот тим кој го имаше последниот напад за титула но не успеа да реализира преку Лаури.

Најефикасен во гостинската екипа беше Стеф Кари со 31 поени при тоа имаше и осум скока и седум асистенции. Клеј Томпсон исто така има голема заслуга за триумфот постигнувајќи 26 поени со шест скока и четири асистенции.

Кај Торонто се истакна Кавај Ленард со дабл-дабл ефект – 26 поени и 12 скока, при тоа забележа и шест асистенции.

Шестиот  натпревар е закажан за ноќта меѓу четврток и петок на теренот на Голден стејт. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната