Утрински Весник
Македонија

Драган Павловиќ Латас и неговите браќа прогласени за невини за „Тревник“

Драган Павловиќ Латас и неговите браќа прогласени за невини за „Тревник“

Скопје, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Судот ги ослободи од вина Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои беа обвинети за бесправна градба во случајот Тревник на СЈО.

Судијката Марија Клетничка Марковски, на денешното изрекување на пресудата за „Тревник“, кажа дека делото за кое се обвинети не е кривично дело. Посочи дека тие се товарат оти од јули 2012 до 2013 година спротивно на закон граделе без одобрение во општина Зелениково на сопствено земјиште. Откако започнале со градба поднеле барање за издавање одобрение за изградба на викенд куќа до општината, прикривајќи дека градбата веќе е почната.

– Имајќи ги предвид сите изведени докази советот донесе одлука дека се ослободуваат од обвинение. Делото за кое се обвинуваат не е кривично дело. Трошоците паѓаат на товар на државата, изјави судијката Марковски.

Застапник на обвинението е специјалната јавна обвинителка Елизабета Јосифов ска.

Во судница пресудата ја слушнаа само Драган Павловиќ Латас и Срѓан Павловиќ, додека обвинетиот Звездан Павловиќ не присуствуваше.аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“