Утрински Весник
Македонија

До недела променливо и посвежо време со повремен пороен дожд

До недела променливо и посвежо време со повремен пороен дожд

Скопје, 11 јули 2019 (Утрински Весник) –  Променливо и посвежо време со дожд кој некаде ќе биде пороен, најавува УХМР за петок и деновите од викендот.

Утре и во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален дожд. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела.

Минималните дневни температури ќе бидат меѓу 9 и 19, а масималните ќе достигнат до 32 степена.

Во изминатите 24 часа, според податоците на УХМР, најмногу дожд наврнал во Охрид – 30 литри на метар квадратен, во Претор – 26, во Крива Паланка 25, а во Скопје  13 литри.са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“