Утрински Весник
Бизнис

Дополнителни 800 милиони евра за МСП преку ЕИФ и ПроКредит банка

Дополнителни 800 милиони евра за МСП преку ЕИФ и ПроКредит банка

Скопје, 15 јули 2019 (/) – Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и ПроКредит групацијата ќе пласираат дополнителни 800 милиони евра за иновативни проекти на мали и средни претпријатија (МСП), што претставува вкупно 1,62 милијарди евра за кредитирање компании во 11 држави.

Како што информираат од ПроКредит банка, Поддршката што ја овозможува ЕИФ е достапна преку ПроКредит банките во Јужна и Источна Европа и е наменета за компании што употребуваат нови технологии и имаат иновативни производства во една од единаестте држави каде што ПроКредит банка ги пласира своите услуги, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Германија, Грција, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина.

Досега, ПроКредит банките имаат поддржано околу 2.000 иновативни мали и средни претпријатија, претежно во дејноста на производство, големопродажба и малопродажба, а уште голем број претпријатија ќе бидат финансирани и во следните неколку години.

Договорите за финансирање на малите и средни претпријата се дел од InnovFin иницијативата на Европска комисија, поддржани преку програмата Horizon 2020. InnovFin иницијативата овозможува банките да пласираат кредити за иновативни комапнии со гарантна шема поддржана од страна на ЕИФ. Договорот потпишан меѓу државите членки на ЕУ е овозможен согласно поддршката од Европскиот фонд за стратешки инвестиции. Овој фонд е централен столб од Планот за инвестиции во Европа на Европската комисија, исто така познат под називот „План Јункер“”.

Две години откако објавивме дека 800 милиони евра ќе бидат пласирани за МСП во единаесет држави, ЕИФ и ПроКредит двојно ја зголемија финансиската поддршка, што значи дека 1,62 милијарди евра се сега достапни за финансирање мали и средни претпријатија во овие земји. Континуираната и зголемена поддршка од страна на ЕУ ќе придонесе за промени кај илјадници претприемачи со иновативни бизнис идеи и потреба за финансирање на своите проекти, на ист начин како и кај 2.000 компании кои досега беа финансирани преку оваа гарантна шема, изјави заменик-претседателот на Европската комисија Јурки Катаинен.

Извршниот директор на ЕИФ, Пјер Луиџи Џилиберт истакна дека се позтиивно изненадени што  InnovFin гарантната шема пласирана преку ПроКредит банките остварува одлични резултати.

– Широката мрежа и позиционираноста на ПроКредит банките, комбинирани со експертизата за кредитирање на МСП се потврда дека гарантната шема поддржана од Европската комисија ќе биде искористена во единаестте држави. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите полесен пристап до финансирање поддржано од ЕУ со цел зголемување на иновативноста низ Европа, вели Џилиберт.

Претседателот на Надзорен одбор на ПроКредит Холдинг, Клаус Питер Цајтингер посочи дека проширувањето на нашиот договор е значаен показател на банкарската групација и дава до знаење на клиентите дека ЕУ и понатаму ќе ги поддржува инвестициите од страна на мали и средни претпријатија во ЈИЕ и Источна Европа. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕУ постигна договор за руската нафта

Шпаркасе банка, најдобар избор на банка за твојата плата

Битиќи ги презентира инвестициските можности на земјата пред група бизнисмени од Турција