Утрински Весник
Македонија

Донесена одлуката за формирање работни групи, секретаријат и комитет за преговорите со ЕУ

И денеска состанок на министрите на ЕУ околу преговорите со Северна Македонија и Албанија

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Владата на денешната редовна, 143. седница донесе одлука за формирање работни групи за подготовка на националната програма за усвојување на правото на Европската унија и за подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската унија.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, е донесена и одлука за формирање секретаријат на структурата за преговори, како и канцеларија на главниот технички преговарач.

Во пакетот одлуки за подготовка на националната програма за усвојување на правото на ЕУ и за подготовка на преговарачките позиции за преговори, е донесена и одлука за формирање државна делегација и комитет за преговори во пристапувањето на Република Северна Македонија кон ЕУ. мч/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии