Утрински Весник
Македонија

Донација од „Крепост“ за ранливи категории граѓани од Куманово

Донација од „Крепост“ за ранливи категории граѓани од Куманово

Куманово, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Членовите на Хуманитарното здружение „Крепост“ од Куманово собраа и поделија прехранбени и хигиенски пакети за 16 семејства, ранливи категории граѓани од Куманово. Помошта се состои од прехранбени продукти, потребни на секое семејство, на најзагрозените, оние кои суштински имаат егзистенцијални проблеми, кои се болни, или самохрани родители.

– „Крепост“ и во ова лето ја продолжува својата хуманитарна мисија. Обезбедивме 16 пакети со храна и хигиенски производи за социјално ранливите категории од Куманово. Продолжуваме и наредните месеци со делење храна и други донации и ги повикуваме сите хумани луѓе да учествуваат во акциите, повика Христијан Георгиевски од „Крепост“.

Членовите на „Крепост“ постојано донираат храна, хигиенски продукти на ранливите категории граѓани, нудат правна помош, помош за лекови, покуќнина. Често се организираат и хуманитарни акции за одредени поединечни потреби на семејствата, при пожари, други непогоди или болест. Членовите преку лични пораки, преку социјалните мрежи и медиумите апелираат да се донира и да им се помага на сограѓаните. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8