Утрински Весник
Македонија

Донација од германската амбасада за делчевското комунално претпријатие

Донација од германската амбасада за делчевското комунално претпријатие

Делчево, 27 јуни 2019 (/) – Машинскиот парк на Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ Делчево од денеска е побогат за уште една машина. Станува збор за современа машина за чистење, што, како што истакна директорот на претпријатието Стојче Стојковски, ќе послужи за решавање на честите проблеми што се јавуваат на канализациската мрежа во градот и населените места.

– За прв пат делчевското Јавно претпријатие добива ваква машина, што е од моделот вибра Г-2900 и работи на воден притисок до 200 бари. Машината е наменета за одзатнување и перење канализациска мрежа со пречник до 250 мм. Со нејзиното ставање во употреба, очекуваме значително да се подобри квалитетот на извршените работи со што, за прв пат, нашето претпријатие ќе има можност и за перење со воден притисок на канализациската мрежа, истакна Стојковски.

Донацијата, како што додаде е резултат на заедничката соработка меѓу претпријатието и германскиот амбасадор, Томас Герберих.

Донацијата од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија е во вредност од 450 илјади денари. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали

Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ

Владата ја ограничи маржата на млечните производи