Утрински Весник
Македонија

Донација во медицински кревети за болниците во Кочани и Виница

Донација во медицински кревети за болниците во Кочани и Виница

Кочани, 12 јуни 2019 (/) – Педесет медицински кревети за Општата болница во Кочани и Здравствениот дом во Виница денеска донираше Ротари клубот Кочани-Виница. Се работи за современи автоматизирани легла со соодветни ергономски карактеристики и со електричен механизам за прилагодување на позицијата на пациентите.

Креветите веќе се распределени на хируршкото одделение и на одделот за интензивна нега во кочанската болница, како и за потребите на здравствената установа во Виница.

-Вредноста на донацијата е околу 6,5 милиони денари, а се реализираше во соработка со наш сограѓанин кој живее и работи во Германија. Ние ги покривме и трошоците за транспорт и монтажа на креветите, а логистичката поддршка околу добивањето на потребните дозволи и сертификати од министерствата и државните институции ја обезбеди општинскиот Црвен крст од Виница. Очекувам соработката да продолжи и во иднина, за што веќе се планираат слични активности, истакна Јован Попов, претседател на Ротари клубот Кочани-Виница.

На примопредавањето на новата опрема што е реткост во јавните здравствени установи, медицинскиот персонал и раководствата на двете болници искажаа благодарност за донацијата која значително ќе ги подобри условите за престој на пациентите.

Кон хуманитарната активност на своите постари колеги, се придружија и помладите членови на Ротаракт клубот Кочани-Виница, кои донираа нови комплети постелнина за Општата болница во Кочани.та/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните