Утрински Весник
Македонија

ДОМ: Измените на Изборниот законик се приоритет за ДОМ во Собранието

ДОМ: Измените на Изборниот законик се приоритет за ДОМ во Собранието

Зелената партија ДОМ им честита на сите граѓани кои придонесоа парламентарните избори да се спроведат во фер и демократска атмосфера, со доследно почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

ДОМ е длабоко загрижен од случувањата со хакерскиот напад врз ДИК и бара надлежните институции да спроведат темелна истрага и за тоа детално да ја информираат јавноста.

„Изборите уште еднаш ја потврдија оправданоста на нашите барања за промена на изборниот модел, со една изборна единица, отворени листи и 50% жени на листите. Овие измени на Изборниот законик, вклучително и внесување на препораките од ОБСЕ/ОДИХР, за ДОМ ќе бидат еден од приоритетите во собраниското дејствување. Во следниот период остануваме целосно посветени на реализирање на Зелениот пост-корона план, за развој на зелената економија, социјална правда и еднакви можности за сите“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од куќен притвор

Во неколку општини СДСМ нема да има кандидат за градоначалник, туку само советнички листи

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје