Утрински Весник
Македонија

Дождот ги поплави велешките улици

Дождот ги поплави велешките улици

Велес, 5 јули 2019 (Утрински Весник) –  Интензивните врнежи од дожд вечерва во Велес целосно ги поплавија главните улици во градот и предизвикаа застој во сообраќајот.

Од дождот и поплавените улици и тротоари голем проблем имаа и пешаците кои се затакнаа на улиците.

Општина Велес со години најавува решавање на проблемот со поставување атмосферска канализација, што се смета за сложен зафат поради високата конфигурација на градот, а за кој се потребни поголеми финансиски средства.ад/лв/

фото Утрински Весник архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран