Утрински Весник
Македонија

Доделување на признанието „Инженерски прстен“

Доделување на признанието „Инженерски прстен“

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овлатени инженери, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, вечер по 16-ти пат ќе го додели признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери.

На доделувањето на признанието, што ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје, се најавени обраќање на претседател Стево Пендаровски, како и на претседателите на Инженерската институција на Македонија, проф. д-р Христина Спасевска и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Миле Димитровски. дма/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните