Утрински Весник
Македонија

Доделени меѓународни лиценци за водичи во планина на членови на тетовскиот ПК „Љуботен“

Доделени меѓународни лиценци за водичи во планина на членови на тетовскиот ПК „Љуботен“

Тетово, 20 јуни 2019 (/) – Четворица членови на планинарскиот клуб „Љуботен“ во Тетово добија линценца според стандардот на меѓународната унија на интернационални водичи во планина (UIMLA). Лиценците им ги предаде претседателот на Унијата, Иан Спеар.

– Со имплементирање на овој стандард, Македонија влегува на светската мапа на дестинации каде има добро обучени водичи кои можат да реализираат програма. Од една страна се безбедни, а од друга страна тоа се атрактивни програми кои ќе испорачаат високо ниво и гаранции за повисока цена и нормално ако гледаме од бизнис аспекти имаме посилен аспект за развој, бидејќи така ќе имаме желба кај посетители за подолг престој, сместување и добивање исхрана, истакна Константин Циривири, претседател на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина.

Претседателот на меѓународната унија во Северна Македонија додели 20 лиценцирани сертификати.

– Нивото на организација тука во Македонија е фантастично. Нивото на работа на македонската асоцијација на водичи во планина е фантастично, беа високи оцените на извештаите кои произлегоа од посетите од инспекциите кои ги спроведа стручните лица од техничката комисија на УИМЛА и генерален заклучок е дека нивото на работа и нивото на обука и контролата на работењето на високо ниво и она што е најважно е големата пасија големиот ентузијазам кој постои за вршење дејности во оваа организација, рече Спеар.

Освен четворицата планинари на ПК „Љуботен“ кои добија лиценци во процес на добивање на истата се уште толку членови на клубот.

– Во регионот на Шар Планина имаме среќа што планинарскиот клуб „Љуботен“ ја препозна потребата за планинарски водичи и некаде пред 15 години заедно со Константин Циривири кој беше пријател и соработник се случија првите обуки кои започнаа да го практикуваат овој интернационален стандард за планинарски водич и мислам дека беше добра основа за она што понатаму ние како планинарски клуб продолживме да работиме и овој стандард не те учи како да се движиш во планина туку те учи како да се разива туризмот во овие средини, вели Јован Божиновски, претседател на ПК „Љуботен“.

Покрај доделувањето на лиценците беше организирана и тематска трибина за имплементирање на врвни стандарди за работа во планинскиот туризам. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом